Објектот за основното училиште е изведен и пуштен во употреба во 2019та година.
Проектната документација е изработена по најсовремени стандарди, а одбраните материјали се карактеризираат со издржливост и квалитет соодветен за ваков тип на објекти.
Одговорен проектант е Никола Велковски диа. со главен соработник Светлана Јончевска.
Објектот е лоциран е на аголот на улиците Васил Ѓоргов и Адам Мицкиевиќ и е со површина П-10.328 квадратни метри. Училиштето е со катност По+П+2.
Површината на училиштето е Пнет= 8130,30 квадратни метри над земја и Пнет=3755,76 квадратни метри под земја-подрум.
Површината на приземјето е Пнет= 3141,50 квадратни метри.
Капацитетот на училиштето е за 500 ученици кои ќе се школуваат во основното образование од својата шеста година почнувајќи со подготвителна настава па сè до завршување на основното образование на 15 години – деветолетка.
Општинското основно училиште има 21 училна и седум кабинети за предметна настава.
Објектот на училиштето содржи и Спортска сала.