Објектот се наоѓа на ул. М. А. Ченто бр. 7, Маџари, Општина Гази Баба, Скопје. Катноста на објектот е По+П+Кат. Подрумскиот дел е проектиран како магацински простор, во приземјето е предвиден деловен простор со изложбен салон, а на катот се предвидени канцеларии и станбен простор. Одговорен проектант на објектот е Никола Велковски дипл. инж. арх. и соработник Светлана Јончевска дипл. арх. Година на проектирање 2013та. Објектот е реализиран во 2014та год. Изведбата е извршена од страна на Инком Инженеринг.